Избеган и опасен затвореник шета по охридските улици

33-годишниот притвореник Б.П. вчера успеал да им избега на стражарите од охридскиот затвор.

Б.П. вчера во затворот се пожалил на неподнослива забоболка и побарал да биде пренесен на стоматолог. Стражарите ја исполниле неговата желба, но притвореникот ја искористил оваа шанса и избегал. Од полицијата велат дека активно трагаат по притвореникот. 

Инаку, 33 годишниот Б.П. заврши во охридскиот затвор откако неодамна со автоматска пушка „калашников“ пукаше во угостителскиот објект „Беко“ во Охрид.

 

најчитано сега