Кобниот момент во кој загинаа две деца - се појави видео од страшната сообраќајка

48-годишен македонски државјанин е приведен во Србија под сомнение дека ја предизвикал вчерашната тешка сообраќајна несреќа. Српските медиуми објавија дека станува збор за Бајрам J. возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.

Тој на автопатот Ниш-Белград, кај местото Велика Плана, од се уште неразјаснети причини со автобусот се забил во автомобил марка Тојота, која се движела пред него и која намерно ја намалила брзината за да избегне сообраќајка која се случила на автопатот меѓу две други возила.

Во тојотата, во која се наоѓало 7-члено семејство од Германија, на самото место загинале бебе и 7-годишно дете.

Сега се појави и видео од несреќата...

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа