Секој Хрват оваа година ќе заработи по 2.000 евра само од туризам

Во Хрватска на Јадранското крајбрежје и во Загреб од јануари до јули оваа година престојуваа вкупно 7,6 милиони туристи, кои генерирале вкупно 40 милиони ноќевања. 

Тоа е раст од девет проценти во посетите и седум проценти во ноќевањата, во спроедба со истиот период минатата година, изјави министерот за туризам, Дарко Лоренцин. 

Министерот на прес-конференција во близина на Пореч изјави дека Хрватска оваа година може да очекува рекордни приходи од туризмот од приближно осум милијарди евра, по 7,4 милијарди минатата година. 

Само во јули, според официјалните податоци на туристичките заедници на Јадранот и во Загреб одмарале 3,4 милиони туристи, што е 11 отсто повеќе, отколку истиот месец минатата година, со раст од девет отсто во бројот на ноќевањата, на 22,8 милиони.

Математиката вели дека секој од околу 4,2 милиони Хрвати во просек оваа година ќе заработи по околу 2.000 евра само од туризам. 

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа