Телото на исчезнатото девојче од Шипковица пронајдено во подрум на соседна куќа

Пронајдено е безживотното тело на девојчето кое исчезна во поплавите што го зафатија тетовскиот регион.

 

Телото на шестгодишната Рина е најдено утрово околу 11.30 часот во тетовското село Шипковица, во подрум во куќа, блиску до нејзиниот дом. Телото го нашле полициски службеници, кои веќе една недела го пребаруваа теренот.

Со ова бројот на жртвите од поплавите во тетовско се искачи на шест. 

На 3 август вечерта тетовскиот регион го зафати големо невреме, со врнежи, грмежи и силен ветер. 

Првично во невремето имаше четворица загинати, а две лица се водеа како исчезнати. 

По наоѓањето на телата на старецот и девојчето, бројот на загинати се искачи на шест.

Жртвите се од селата Шипковица и Голема Речица, а меѓу загинатите има четири деца. 

Во невремето беа срушени и оштетени голем број куќи, автомобили кога реката Пена се излеа и го поплави ова подрачје

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега