Шумските производи намалени за два отсто

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2015 година е намалено за два отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано кај друго заоблено дрво од иглолисни, просторното дрво од иглолисни, рудничкото дрво од листопадни видови и огревното дрво од иглолисни и од листопадни видови, додека намалување има кај трупците од иглолисни и од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и кај другото заоблено дрво од листопадни видови. 

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега