Церар: Одлуката за арбитер во спорот за Пиранскиот залив Словенија му ја препушта на Арбитражниот суд

Словенија одлучи изборот на нов арбитражен судија во предметот за граничниот спор со Хрватска да му го препушти на Арбитражниот суд, откако претходно избраниот арбитер Роми Абрахам, поднесе оставка, јави Танјуг

Премиерот Миро Церар на прес конференција изјави дека Словенија изборот на новиот арбитражен судија му го препушта на претседателот на Арбитражниот суд и дека очекува продолжување на арбитражната постапка, пренесоа словенечките медиуми.

-Донесовме одлука која на судот и на конечната пресуда во најголема мера ќе им обезбеди веродостојност, а на двете страни во спорот рамноправност, а тоа за конечната праведна пресуда е од исклучителна важност, рече Церар.

Со таквата одлука, рече Церар, Словенија на Постојниот арбитражен трибунал сака да му порача дека има доверба  во проценката на претседателот на судот Жилбер Гијом и во целиот трибунал.

-Веруваме дека тие ќе ги исполнат своите задачи одредени со арбитражната спогодба, рече Церар и додаде дека Владата таквата одлука ја донела по консултации со лидерите на парламентарните партии и советувањето со експерти за меѓународно право.

„Со ова докажуваме дека се залагаме за независност и непристраност на Арбитражниот суд“, изјави Церар, кој очекува дека хрватскиот арбитер, исто така, ќе го именува претседателот на советот Гијом, откако и хрватскиот судија Будислав Вукас поднесе оставка.

Вукас оставката ја поднесе бидејќи Хрватска одлучи да ја напушти арбитражната постапка по скандалот што изби кога беше обелоденета снимката на договор меѓу словенечката страна за начинот на лобирање кај другите судии за на Словенија да и припаднат две третини од Пиранскиот залив.

Словенија смета дека арбитражата не може еднострано да се откаже и дека Арбитражниот суд треба да продолжи со својата работа се до конечната пресуда која мора да го обврзува двете страни.

Во тој поглед Словенија за своите ставови очекува и поддршка од Европската унија, а министерот за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека неговите дипломати преземаат широка активност на меѓународен план во презентација на словенечките ставови.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега