Масовни протести во Атина

На атинските плоштади Синтагма и Омонија вечерва се одржуваат масовни протести против спогодбата меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори за новата спасувачка програма во вредност од околу 85 милијарди евра, пренесе ТАСС.

Митинзите на Синтагма и Омонија се организираа на повик од грчките синдикати.

Во Парламентот денеска ќе се одржи гласање за текстот на спогодбата, што беше поднесен во ноќта меѓу вторникот и средата и денеска беше одобрен од парламентарните комисии.

Се очекува во текот на утрешниот ден текстот да биде одобрен од пратениците во парламентот.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега