Откриено: Еве што барале киднаперите на Томислав

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ на вонредна прес конференција соопшти детали за киднапирањето на Томислав Салопек од страна на Исламската држава.

-Томислав Салопек е градежен техничар кој работи за фрадежна компанија во Египет. Киднапиран е на 22 јули, а осум дена подоцна за него е побаран откуп. Со неговите грабнувачи немаше никаков контакт се до 5август кога е снимен во поза карактеристична за ИД, вели Пусиќ.

Шефицата на хрватската дипломатија истакнала дека е заклучено дека барањето од видеата за ослободување на муслиманските жени е неспецифичен и како нема специфично барање.

-Во овој момент се уште не сме сигурни дека личноста на фотографијата е Салопек. Немаме дефинитивна потврда, ниту од наша, ниту од египетска страна, додава министерката.

Сопругата на Томислав и неговиот татко се уште веруваат дека тој е жив.

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега