Руски нафташ ни ги искрши коските - актерката се огласи по несреќата

Познатата српска актерка Радмила Живкоивќ  била во таксито заедно со својата ќерка Бојана кога во нив се удри руски државјанин Анатолиј Провоторов. Русин кој работи во нафтена комапнија, а има стан во Будва, моментално е во притвор поради загрозување на сообраќајот, пренесуваат црногорските медиуми.

Живковиќ за Информер.рс изјавила дека нејзината ќерка поминала многу полошо од неа, и дека и двете се под лекарски надзор. 

- Добро е што се извлековме жива глава, тој излета од кривина при претекнување на полна линија. Не искрши кога се удри во нас, рекла актерката.

На неа и се скршени три ребра, и има многу модрици и нагмечување на градниот кош. Меѓутоа нејзината ќерка Бојана има сериозни повреди.

- На моето дете му се скршени забите и скршена е вилицата, има потрес на мозокот, и ги шиеа образот и устата... Лекарите ја следат нашата состојба, а оној кој ова го направи секако ќе одговара, рекла актерката. 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега