Полицијата упадна во вила во Охрид - сопственикот направи хаос

Полициски службеници при СВР Охрид синоќа извршиле претрес во вила “Пијано“ лоцирана на улицата “Абас Емин“ во Охрид. Полицајците при претресот пронашле неколку опаковски со бела прашкаста материја. Истовремено при претресот нападнат е и еден полициски службеник од страна на 43-годишниот Џ.А. од Охрид кој стопанисувал со вилата, откако претходно побарал од полициајците да не ги пријавува откриените паковки со прашкаста материја

Според податоците, Џ.А. со тупаница го удрил полицискиот службеник кој бил на должност во пределот на градите кинејќи му делови од облеката по што се обидел да ги оштети пронајдените опаковки. Тој бил спречен во намерата да продолжи со физичкиот напад врз полицискиот инспектор кој е пренесен во општата болница во Охрид. 

 

 

Оцени ја веста

15.08.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа