ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Откриен идентитетот на мажот кој го уби гром

Трагедија ја потресе Македонија. Педесет и петгодишен прилепчанец вчера попладне загина од удар од гром, а една жена е повредена и пренесена во Градската болница во Прилеп.Се работи за 55-годишниот  Гоце Т. инаку пензиониран полицаец.

Трагедијата се случила во атарот на прилепското село Беровци, во месноста Долно Садово пред 17 часот кога имало силни грмотевици. Мажот и жената биле на отворено крај машина за нижење тутун, која најверојатно, го привлекла громот. Мажот починал на местото на несреќата,  а жената со тешки повреди е префрлена во Градската болница.

 

 
 

 

 

 

Оцени ја веста

16.08.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега