ФОТО: Богата заплена на македонската Царина

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, брашно, лепило, очила со диоптер и мобилни телефони.

Во сите случаи, стоката предмет на прекршокот е привремено задржана, а против прекршителите е покрената прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Република Македонија.

Брашно

- 300 кг брашно (30 вреќи од 10 кг), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автобус што сообраќал кон Грција, управуван од српски државјанин, а пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце - автопат. Непријавеното брашно, сопственост на возачот е пронајдено во тоалетот на автобусот.

 Цигари

- 25 штеки цигари, марка BENSTON Slims, YORK и 57 Blue 100s, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на патните торби на бугарска државјанка, која како патник во бугарски автомобил, се пријавила за излез од државата на граничниот премин Деве Баир.

Лепило

- 47,3 кгр. (43 пакувања) лепило за камен, откриени при контрола на разна стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Струмица. При извршениот физички преглед, во товарниот дел на македонски камион, натоварен со разна стока наменета за фирма увозник од Кочани, царинските службенице открија 92,4 килограми лепило, додека во приложените царински документи увозникот пријавил само 45,02 килограми.

 Очила

- 590 пара очила со диоптрија, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Свети Наум – Охрид. Очилата, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во кутија, сместена во багажникот на возилото.

Мобилни телефони

- 3 мобилни телефони марка Samsung Galaxy, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на српски државјанин, кој допатувал со лет од Цирих. 

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега