Албанците во паника: Хрватите со помош на Босанците и Грците ќе го прекинат натпреварот во Елбасан?

Челниците на Динамо Загреб ги предупредија претставниците на Скендербег и УЕФА дека навивачите на загребскиот клуб, популарните „Бед блу бојс“ планираат да го прекинат вечерашниот прв натпревар од плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

- Имаме информации дека навивачите на Динамо, кои не доаѓаат само од Хрватска, веќе се збратимени со грчки и босански навивачи, планираат да дојдат во Елбасан арена. Тие ќе направат се за да го пореметат текот на утакмицата, но не само тоа, изјави менаџерот на Скендербег Марио Николи и додаде дека оваа информација ја добил од претставник на Динамо.

Тој ги повика навивачите на својот клуб да се воздржат од предизвикување инциденти, а побара и помош од полицијата.

Динамо во Елбасан ќе го подржат околу 500 навивачи. Околу 500 полицајци ќе го обезбедуваат натпреварот, а меѓу нив ќе има и хрватски полицајци. Според последните информации, ќе има и 300 припадници на обезбедувањето.

Стадионот во Елбасан има капацитет од 12.000 гледачи, а домаќинот до сега продал повеќе од 10.000 влезници.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега