Воз се заби во трактор и уби тетовчанец

54 годишен тетовчанец загина во железничка несреќа која се случила утринава околу 8:40 часот на преминот кај тетовско Ратае.

Според досегашните информации, несреќата се случила утрово, кога возот кој сообраќал на релација Скопје-Кичево удрил во тетовчанецот Алил А. кој се обидувал да ја премине пругата со својот трактор. Алил починал на лице место.

Полицијата врши увид на местото на трагичната несреќа.

најчитано сега