Хелсиншкиот комитет во кој членуваат истакнати членови на СДСМ го нападна МВР
Хелсиншкиот комитет во чии Управен одбор и Собрание членуваат истакнати членови на СДСМ и нивни блиски новинари, го нападнаа МВР и државните орагани.
Додека македонската полиција се обидува да воспостави ред и мир на границата со Грција и да го заштити локалното населени од напливот на мигранти, Хелсиншкиот комитет преку соопштение жестоко ја нападна полицијата и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
Во нивното соопштението се вели:
-Вчерашната одлука на Владата на Република Македонија за прогласување на кризна состојба е исклучително загрижувачка. Најавата за вклучување на АРМ без за тоа да се произнесе Претседателот Ѓорѓе Иванов како Врховен командант на вооружените сили, молкот на Собранието (кое мора да биде информирано) и Центарот за управување со кризи (повикан орган што ги направи проценките за прогласување на кризна состојба) ја доведуваат до прашање законитоста на мерката прогласување на кризна состојба.
-Од објавените медиумски материјали, може да се увиди нехуманиот третман на бегалците од страна на специјалните полициски службеници кои употребиле мерки на присила, користејќи солзавец и шок бомби. Поради таа причина го повикуваме неуставно именуваниот министер за внатрешни работи г. Митко Чавков да одговори кој ги дал наредбите да бидат применети такви мерки на присила.
-Нехуманото постапување од страна специјалните полициски службеници, но и ксенофобичниот говор и говорот на омраза кој се шири по социјалните мрежи, а го поттикнуваат некои јавни личности придонесува кон дополнително загрозување на животите на бегалците и надвор од нивните родни места.
Во Хелсиншкиот комитет за човекови права членуваат голем број на истакнати членови на СДСМ како и блиски новинари, аналитичари и активисти. Дел од Хелсиншкиот комитет се Љубомир Д. Фрчковски, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, Борјан Јовановски,Алберт Муслиу, Петрит Сарачини.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа