Финансиска поддршка за нов плоштад и улици во Бардовци

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска го потпиша договорот за доделување финансиска поддршка за изградба на нов плоштад и улици во населбата Бардовци.

Како што соопштија денеска од општина Карпош, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и додели на општината, грант од 20 милиони денари за изградба на нов плоштад во Бардовци, како и негово хортикултурно уредување.

Предвидено е со овие средства на одредената локација да се постави и урбана опрема, осветлување и детско игралиште.

Финансиска поддршка од 15 милиони денари, општината доби и за проектот изградба на улиците 10 и 12 како и за нови тротоари во населбата Бардовци. 

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега