Донесени дел од законите кои се усогласуваат со Законот за прекршоци

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 62. седница ги донесе измените и дополнувањата на сет закони предложени од страна на Владата по скратена постапка од сферата на финансиите, образованието, транспортот, економијата и земјоделството кои се усогласуваат со Законот за прекршоци.

Не седницата беше прифатен и Предлог на законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење во прво читање за што образложение даде министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Во претпладневниот дел од седницата пратениците го усвоија Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, 

Со законот кој го поднесоа пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски, од први септември и официјално престанува лустрацијата во Македонија, а мандатот на Комисијата за верификација на факти ќе биде максимум две години. 

Во рамки на 62. седница беше донесен и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност. Се предвидува воспоставување единствена електронска евиденција, односно национална база за лица со инвалидност. 

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега