Не заборавајте да понесете чадор - температурите паѓаат

Денеска времето во цела земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, врнежи од дожд и грмежи.

Претпладне ќе имаме сончеви периоди, а попладне ќе има услови за нестабилност и врнежи од дожд во крајните западни и источни делови од земјата.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27, Тетово 26, Маврово 17, Гостивар 26, Дебар 25, Крива Паланка 22, Кочани 25, Велес и Штип 26, Берово 21, Струмица и Гевгелија 27, Кавадарци, Демир Капија и Дојран 28, Охрид и Прилеп 24, Битола 25 и Крушево 18 Целзиусови степени.

Од утре настапува период на сончево, стабилно и потопло време со пријатни дневни температури од 22 до 30 степени, во понеделник од 23 до 32, а во вторник од 24 до 32 степени.

 

 

Оцени ја веста

22.08.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега