Тешка кражба во битолско: Крадец одзел пари, пушка и златен накит

Вчера во битолското село Средно Егри, крадец извршил тешка кражба, одземајќи 2000 евра, 2000 австралиски долари, 5000 американски долари, ловечка пушка марка ТОЗ-63, калибар 16мм со фабрички број 22593, која ја поседувал сопственикот со дозвола и златен накит.

Крадецот ја ограбил куќата на Јован Ј. роден 1936 година, а како што соопштуваат преку таванот од куќата, влегол внатре и од спалната соба го одзел вредниот имот.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 500.000 денари. Увид е извршен од страна на ОКТУПА  при СВР-Битола.

СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

22.08.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега