Тетово: Младо момче нападнато со дрвена палка

Синоќа се случил инцидент на наплатната рампа Тетово кога тетовчанец бил нападнат со дрвена палка.

Инцидентот се случил околу 23 часот кога 25-годишниот Р.С. од селото Теново со дрвена палка бил нападнат од страна на С.А. од селото Горно Седларце откако Р.С. кој управувал патничко моторно возило „БМВ“, бил сопрен од друго „БМВ“ од кое излегол насилникот кој почнал вербално да го напаѓа, а потоа извадил дрвена палка и му го скршил ветробранското стакло од автомобилот.

Против него ќе биде подигната соодветна кривична пријава.

 

најчитано сега