Проштална средба на началникот на ГШ со одбранбеното аташе на Полска

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска оствари проштална средба со потполковник Адам Зугај, одбранбено аташе на Република Полска во Македонија.

На средбата, како што информира прес-службата на Министерството за одбрана, генерал Величковски упатил благодарност до потполковникот Зугај, истакнувајќи го неговиот придонес во продолжувањето на билатерална соработка меѓу АРМ и Вооружените сили на Република Полска, која се развива на повеќе полиња и во измината година се движи во нагорна линија.

Средбата е искористена за запознавање на началникот на ГШ на АРМ со новото одбранбено аташе на Република Полска полковник Силвестер Шулц, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега