Пронајдена флеш бомба на депонија во Тетово

 

Експлозивна направа – флеш бомба, неактивирана и во исправна состојба била пронајдена вчера околу 15 часот од страна на дваесет и осумгодишен тетовец кој со свои роднини собирал старо железо на „дивата“ депонија во близина на „Жито Полог“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, пренесува МИА.  

Бомбата била ставена во црно најлонско ќесе во кое се наоѓала облека и други предмети. Тетовецот веднаш се јавил во Полициската станица Тетово и за кусо време извршен е увид во кој учествувал и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување. Бомбата е подигната и безбедно транспортирана рече Јосифовски.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега