Кои се најчестите имиња на новороденчиња во Македонија?

Дури 246 момчиња кои се родиле минатата 2014 година го добиле името Дамјан.

Тоа е најчестото име кое било дадено во 2014 година, кога станува збор за деца од машки пол.

Старото македонско име Петар се задржа високо на листата – дури 240 деца го добиле ова име.

Следуваат Андреј, Марко, Матеј, Михаил, Давид, Ајан, Лука и Филип.

Кај девојчињата на врвот на листата се наоѓа старо македонско име – Јана, кое го добиле 245 женски бебиња кои се родиле во 2014 година.

Следува уште старо едно македонско име – Марија, потоа Сара, Јована, Мила, Ана, Софија, Ерина, Анастасија, Михаела.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега