Во Свети Николе се решава проблемот со паркинг за тешки товарни возила

Во Свети Николе денека започна изградба на паркиг за тешки товарни возила и автобуси. Паркингот ќе биде сместен на локацијата на поранешниот сточен пазар во месноста „Ливади“ и истиот ќе биде според стандардите за оваа намена со поставување на ограда, осветлување и стражарска служба.

Капацитетот на паркиногот ќе биде наменет за 30 товарни возила и 14 автобуси, а изградбата на паркингот ќе чини 3,37 милиони денари средства обезбедени од буџетот на општина Свети Николе. По завршувањето на изградбата, со паркингот ќе стопанисува Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Свети Николе.

-Со изградбата на овој паркингот ќе се реши дологодишниот проблем од некотролираното паркирање на камионите и автобусите на тротоарите и коловозите во градското подрачје, со што се попречуваше нормалното одвивање на сообраќајот во градот. Очекуваме да да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а јавните површини ќе се заштитат од оштетување на кои досега беа паркирани возилата. Изградбата на овој паркинг е дел од предизборната програма што ја го ветив на граѓаните, а денес започнуваме со негова реализација, истакна градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега