За еден месец повеќе од половина милион патници на граничниот премин „Богородица“

На граничниот премин „Богородица“, македонско-грчката граница во јули оваа година во двете насоки ја поминале 548.537 патници.

Од вкупниот број регистрирани патници во јули, информираа за МИА надлежните од општина Гевгелија, 154.407 се македонски државјани, а останатите 394.130 патници се странски државјани во најголем број српски и грчки туристи.

Во споредба со минатата година, во најфреквентниот летен месец границата кај „Богородица“ годинава ја минале 30.000 патници помалку, како резултат на намалениот број странски туристи, затоа што за разлика од нив, Македонците бележат зголемување од 17.568 патници.

Од почетокот на годината до крајот на јули границата на „Богородица“ во двете насоки ја поминале околу 2,1 милиони патници, од кои 630.034 Македоци и околу 1,5 милиони странски патници.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега