Стружанец доби кривична за нелегална сеча на дрва од шумски терен

Триесет и седум годишниот М.В. од струшкото село Поум доби кривична пријави поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“.

Пријавениот, без соодветна документација за сеча на дрва  организирал, пресекол и одзел туѓа шума во количина од 10 метри просторни, со што се стекнал со противправна имотна корист од 24.000 денари.

Тој ангажирал три лица албански државјани за сеча на дрва од шумски терен во подрачјето на селото Поум на земјиште кое не е негова сопственост.

На 14.07.2015 година, при контрола на месноста „Ара баба“ во шумскиот појас над селото Поум, затекнати се албанските државјани кои пресекле 250 стебла даб и 26 стебла бука.

На местото на нелегалната сеча на дрва, пронајдени се 10 метри просторни дабово и буково дрво, една машина за сечење дрва и 7 коњи со самари.

Дополнително е констатирано дека албанските државјани немале пријавено престој заради обавување на дејност-шумски работници.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега