Кумановци смислиле филмска акција: Авганистанец доживеа хорор на „Табановце“

Четворица Кумановци ограбиле Авганистанец, на 25 август.

Кумановците му ветиле на Авганистанецот дека за 50 евра ќе го превозат во Србија од граничниот железнички премин „Табановце“.

Разбојниците Г.П.(48) и И.В.(42) го качиле Авганистанецот во возилото и се упатиле кон с.Шупли Камен. Во еден момент разбојниците почнале на оштетениот да му кажуваат „проблем, легни“ по што истиот ги забележал лицата М.Л.(21) и М.М.(18) како со мотор се доближуваат до возилото од кои едното со маска на лице и со пиштол во рака. Откако го извлекле од возилото, тројца од нив почнале да го удираат и да му бараат пари при што му одзеле 1.200 евра, два мобилни телефони и ранец во кој имал вреќа за спиење и лична гардероба, а исто така му нанеле и повреди на глава и тело.

А.С. бил оштетен за сума од околу 100.000 денари. И.В и М.М. се спроведени до ОЈО Куманово за што од судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека Г.П. и М.Л. се во бегство и по нив се трага.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега