Честитка од Комисијата за верски заедници по повод Успение на Пресвета Богородица

По повод големиот православен празник-Успение на Пресвета Богородица, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска денеска упати честитка до членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ.

- На овој голем православен македонски празник ја славиме големата љубов и добродетел на мајката Божја, присетувајќи се притоа на најголемата љубов, а тоа е мајчинската, која е светлина и патоказ во животот на секој човек. Празникот Успение на Пресвета Богородица е токму тоа сведоштво дека земното е минливо без верата во Бога и без постојаното искачување кон светите божји вредности. Вознесот на мајката Божја кон небото е симбол за нашето искачување кон љубовта и вистината, кое е макотрпен но сепак неминовен дел од животот на секој еден македонски верник, вели Божиновска.

Чествувајќи го овој голем празник, како што истакнува, ја чествуваме најдостојната меѓу сите жени и заштитничка на народот која со својот благороден лик, преку неизмерливата тага и страдање, но и со неизмерлива вера и трпение се издигна кон ветениот мир и благосостојба.

- Затоа, на овој голем празник со силата на нејзиното свето име Ви посакувам Вам и на сите православни македонски верници во Република Македонија и надвор од неа и во македонската дијаспора, здравје, љубов и благодет и светла иднина на нивните поколенија, се додава во честитката.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега