Нови 10 капитални инвестициски проекти ќе се реализираат во пелагонискиот регион

Центарот за развој на пелагонискиот регион-ЦРППР со седиште во Битола денеска промовираше 10 нови капитални инвестициски проекти кои во наредниот период ќе се реализираат во деветте општини од овој регион, пренесе МИА.
 
Од ЦРППР - Битола информираа дека во градежната сезона ќе се врши изградба на плоштад и шеталиште во Ресен, реконструкција и уредување на градски парк и плоштад во Крушево, реконструкција на шеталиште во Демир Хисар, опремување на младински културен центар во Новаци, уредување и опремување на дом на култура и отворена сцена во Могила, реконструкција на плоштад и изградба на пешачки рекреативни зелени површини во селото Коњари, реконструкција на Домот за култура во селото Ропотово-општина Долнени, партерно уредување на плоштадот околу општинската зграда во Кривогаштани и уредување на излетничкото место „Сапунџица“ во селото Нижо Поле, односно комплетно реновирање на тамошниот зимско летниот центар.
 
- За реконструкција, изградба и реализација на сите проекти обезбедни се еден милион евра од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Република Македонија и се одобрени за финансирање во целосен износ. Со реализација на проектите ќе почнеме веднаш бидејќи станува збор за проекти од витално значење за општините каде ќе се работи, а жителите ќе ги користат за повеќе намени. Овие капитални инвестиции и проекти се видливи и имаат директна корист за локалното население. Патем ќе се обидеме со темелна реконструкција на зимско летниот туристички центар кај Нижо Поле да биде оспособен за престојната зимска скијачка сезона со можност за ноќно скијање, истакна директорката на ЦРППР, Емилиа Героска.
 
Центарот за развој на пелагонискиот регион со седиште во Битола на денешната средба со новинарите соопштија дека во тек е процедурата за отворање на тендерите за сите 10 инвестициски проекти.
 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега