Просечната нето плата во јуни забележа раст во однос на истиот месец лани

Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија во јуни годинава изнесувала 22.025 денари и е за 3,7 отсто поголема од јуни лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Порастот се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата во секторите - Уметност, забава и рекреација (23.6%), Други услужни дејности (11.5%) и Рударство и вадење на камен (8.6%).

Намалување на нето платата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите - Стручни, научни и технички дејности (7.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.0%) и Дејности во врска со недвижен имот (5.0%).

Во јуни годинава, плата не примиле 1.9% од вработените во Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега