Најголемите пороци на хороскопските знаци

Заморени сте од едноличната секојдневност, па бaрате својствен начин за да побегнете од реалноста? Тоа бегање најчесто се претвора во ритуал и навика за која често не ни е потребно многу време, но сепак тоа нешто не прави среќни. Тоа може да биде утринско кафе, цигара со некоја чашка алкохол или нешто слично. Кога тие навики ќе прераснат во опсесија настануваат пороци.

Овен

Како огнен знак, Овенот сака се што се случува многу брзо па затоа секогаш бира пијалоци како виски, ракија, а кога е во можност да посети некоја винарија се предава на убавините на црвеното вино. Прилично тврдоглави и многу себични, припадниците на овој знак го прават токму она што им е забрането, бидејќи мислат дека на тој начин ќе ја освојат слободата. Цигарите се составен дел од вечерните излегувања, па Овенот ретко се откажува од ова задоволство.

Бик

Првата асоцијација кога ќе погледнете готвач кој има вишок килограми, кој обожува да јаде, знајте дека е роден во знакот на Бик. Овие лица имаат чудни задоволства па храната и пијалокот им е на прво место. За Биковите љубовта е неопходна па се што е поврзано со неа, ги тера на пороци. Телефонскиот и сајбер сексот како и секси приказни се пороци кои Биковите ги практикуваат, но само со вистинскиот партнер.

Близнаци

Близнаците се склони кон бегање од реалноста па затоа ги привлекува порнографски видеа, доколку сексуалноста им е силно изразена. Во друг случај тие може да бидат привлечени кон некој виртуелен парарелен свет во кој ќе живеат потполно нов живот. Близнаците се склони кон обожување на одредени материјални работи, па не е чудо да потрошат многу пари на некоја “глупост“.

Рак

Никотинот е составен дел од воздухот кој е неопходен за нормалното човеково функционирање – сметаат припадниците на овој знак. Овие лица едноставно ги “јадат“ цигарите. Ракот би се откажал од овој порок, но тоа би влијаело на неговиот физички изглед.

Лав

Лавовите веруваат дека на овој свет се е дозволено па алкохолот, цигарите, дрогата и сексот се составен дел од нивниот живот. Веруваат во неуништување па им недостига дисциплина кога конзумираат нездрава храна. Ги возбудува се што се случува многу брзо па се склони кон коцкање и неочекувани добивки.

Девица

Девиците се природни перфекционисти и нивните пороци се своето тело да го доведат до совршенство. Многумина од припадниците на овој знак се опседанти со својот изглед, па конзумираат големо количество на витамини. Тие се склони и кон бегање од реалноста па се оддаваат на опојни дроги и таблети.

Вага

Вагите имаат неверојатна потреба за трошење пари, па доколку кредитната картичка им е при рака нема да оддолеат на некои нови работи. Сакаат никотин и цигарите за нив се нешто свето. Често се приврзуваат за скапи цигари иако нивниот буџет не го дозволува тоа.

Шкорпија

Шкорпиите се несомнено најстраствениот знак од хороскопот кога е сексот во прашање. Може да бидат толку опседнати со одредена личност, па се подготвени да потрошат огромна количина на пари за да направат атмосфера за предигра. Поради својата насоченост кон целта, Шкорпиите се склони кон изневерување и многубројни афери. Цигарите и алкохолот се само средство за опуштена атмосфера.

Стрелец

Знак кој поради својата храброст има различни пороци. Сака патувања па е подготвен да потроши многи пари за тоа уживање. Доколку финансиската ситуација не му го дозволува тоа, од реалноста бега со помош на филмови. Склон е кон лажење и симулирање на болести, со цел да ги избегне обврските. Овој знак ги сака цигарите и честа е појавата кога некој Стрелец пуши цел живот.

Јарец

Јарецот е опседнат со потребата во се да биде прв и најдобар, па неговата опсесија се претвора во голем порок.  Оптоварени се со својот изглед, па многумина патат од анорексија, посакувајќи да останат витки и убави.

Водолија

Водолиите поседуваат револуционерен ум кој никогаш не мирува. Тие сакаат се да пробаат, па често се големи авантуристи кога се во прашање некои супстанци кои инспиративно влијаат на работата на нивниот мозок. Порокот може да им биде чуден верски ритуал за кој сметаат дека им дава духовен развој.

Риби

Со рибите владее Нептун, а со самото тоа нивните пороци се се она што има врска со алкохол, дрога и супстанци кои влијаат на мозокот. Многу риби може да бидат зависни од друштвени игри и филмови. Цигарите, според Рибите не се пороци.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега