Загинатото дете се превезувало на страниците од тракторот - детали за трагедијата кај Велес

Во атар на селото Бузалково, велешко, кај местото викано „Врбица“, вчера околу 16,15 часот, 13 годишно дете од истото село управувајќи трактор, со приколка, во еден момент изгубил контрола. Три деца на возраст од 11 до 15 години сите од село Бузалково, кои се превезувале на страниците на тракторот, паднале од истиот.

Во приколката се превезувале и уште четири деца на возраст од 6 до 10 години кога истата се превртела.

На местото на несреќата починало 13 годишно дете кое се превезувало на страниците од тракторот, додека пак пет деца биле префрлени во Јавна здравствена установа Велес од кои едно поради сериозноста на повредите е префрлено во Клинички центар Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и Јавен обвиниел со чија наредба телото на починатото дете е предадено на семејството.

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега