УМС: Продолжува проектот „Урбан ѕид“, спомениците да не бидат цел на вандализам

Членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска во скопскиот Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев, поставија пано на кое младите луѓе ќе може да се изразуваат со цртање графити, но воедно повикаа и да не се уништуваат градски урбани средини и културни споменици.

-Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зачувување на културното наследство. Токму затоа изминативе неколку години во континуитет се обидуваме да правиме чистење на сите постари споменици во нашата држава, но и покрај тоа дел од спомениците се цел на напад на вандализам и на цртање на графити со политички пораки. Токму затоа, мотивирани од проектот на Владата „Урбан ѕид“, со кој што им се овозможува на младите луѓе во цела Македонија својот талент и кративност да го изразат на тие урбани ѕидови, одлучивме денеска покрај овој споменик на Гоце Делчев кој што во континуитет оваа година веќе петти пат го чистиме, да поставиме едно пано на кое што сите млади луѓе кои се занимаваат со тој тип на урбана уметност да можат да го искажат својот талент, истакна претседателот на УМС Владимир Нелоски.

25000xcxbxbcxbcbb

Од УМС најавија дека проектот „Урбан ѕид“ ќе продолжи и понатаму да се имплементира.

-Веќе во општините Кисела Вода, Гази Баба, Ресен, Гевгелија, Кавадарци, Бутел е имплементиран овој проект и младите луѓе од тие општини можат да ја изразат својата креативност преку цртање графити, а се надеваме дека наскоро и во Градскиот парк во Скопје, а и централното градско подрачје ќе добие Урбан ѕид, каде што младите луѓе ќе може да творат, додаде Нелоски.

65000xcvvxvxv

Инаку, токму проектот „Урбан ѕид“, кој што беше во програмата на изборите во 2014 година, е предлог од младите луѓе.

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега