Тешка кражба во кочанско- крадците се збогатиле за 640.000 денари

Во Полициската станица Кочани синоќа во 21:45 часот Т.Ј.(56) од населба Оризари, пријавил дека во периодот од 07:30 часот на 28.08. до 21:00 часот на 29.08.2015 година, додека со семејството биле отсутни, во неговата куќа од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба. 

Како што соопшти МВР, сторителот со употреба на подесен алат дејствувал во пределот на механизмот за затворање на влезната врата и ја отворил.

По извршеното пребарување сторителот одзел околу 8.450 евра, 56.000 денари, златен накит и други предмети стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 640.000 денари.

Извршен е увид на местото на настанот, а СВР-Штип превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

30.08.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега