Албанска фирма незаконски експлоатирала минерални суровини во Дебрца

Охридската полиција поднесе кривична пријава против струшка подружница на фирма од Албанија, чии работници вршеле незаконска ескплоатација на минерални суровини од наоѓалиште во Општина Дебрца.

Според полицијата, лица ангажирани од правниот субјект „Викториа Инвест Струга“, - подружница на правното лице „Викторија Инвест ДОО“ од Елбасан Република Албанија, во текот на овој месец на нива приватна сопственост во Ново Село вршеле нелегална експлоатација на минерални суровини, без притоа да поседуваат концесија, односно соодветна дозвола за експлоатација на минерални суровини. Притоа биле ископани околу две илјади метри кубни материјал, со што оствариле противправна имотна корист од 600 илјади денари.

Полицијата со овластување од Јавен обвинител, на 12 август извршила контрола и увид кај местото „Лазиште“, при што биле затекнати работници кои со ровокопач вршеле ископување на чакал и песок. На лице место е изготвена фотодокументација и обезбедени се примероци од минералната суровина за вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Дополнително, на 17 август, овластени инспектори од Државниот инспекторат за техничка инспекција на Република Македонија, извршиле инспекциски надзор. Тие констатирале дека на локалитетот „Лазиште“ кај Ново Село од страна на фирмата „Викторија Инвест ДОО“, извршен е нелегален ископ на минерални суровини за што изготвиле соодветен записник.

Кривична пријава е поднесена и против лицето А.Д. (40), инаку управител во правниот субјект „Викториа Инвест Струга“.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега