Стана милијардер, но вели дека никогаш не бил поосамен

Човекот кој го измисли „Мајнкрафт“, Маркус Персон, на „Твитер“ се пожали дека никогаш не се чувствувал поосамено.

Пред повеќе од една година ја продаде неговата компанија „Моџанг“ за повеќе од две ипол милијарди долари. Потоа купи огромна куќа на Беверли Хилс за 70 милиони долари, како и неколку скапоцени автомобили и уште неколку екстравагантни „играчки“.

Сепак, според неговите последни „твитови“ раскошниот живот не го прави многу среќен.

- Некогаш кога ќе имате се, проблемот е во тоа што повеќе немате причина да се трудите, а односите со луѓето се невозможни поради нееднаквоста, напиша Персон.

Милијардерот рече дека и покрај тоа што е на Ибица со пријателите и прави што сака, никогаш не се чувствувал поосамено.

- Најдов супер девојка, но таа се плаши од мене и мојот животен стил, па место место одбра нормална лчност, напиша на Твитер.

- Би направил исто што и Илон Маск, но повторно би бил изложен на лошите луѓе поради што го продадов Мајнкрафт. Луѓето кои наеднаш станале успешни ми велат дека тоа е нормално и дека ќе помине. Тоа е добро да се знае. Одам да се туширам, напиша Персон и им се заблагодари на сите за поддршката.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега