ФОТО: Поради болест остана без гради - сега се слика во бикини и изгледа вака...

Девојка се плашела дека после операцијата нема да може да носи бикини и дека нејзиното тело нема да изгледа убаво, но Клер Хермет денес е мотивација за сите жени кои боледуваат од рак или се несигурни во својот изглед.

Докторите и откриле дека носи ген кој го зголемува ризикот од рак, па Клер храбро одлучила да ги отстрани двете дојки.

„Пред операцијата не знаев како ќе ми изгледа телото. Се прашував дали некогаш ќе можам да носам бикини, како ќе изгледам гола и дали ќе можам да најдам момче. Хирургот ми рече дека ова не е вградување на силикони и да не очекувам чуда. Ми рече дека ако имам ниски очекување, ќе бидам задоволна со резултатите и тоа не ме утеши“, објасни девојката за британски Daily Mail.

Сепак, таа после операцијата сфатила дека телото и е убаво, па конечно ужива во животот и не размислува за тоа дали ќе добие рак на дојките. Започнала здраво да се храни и да оди во теретана.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега