Исчезна мајката на Том Круз!?

Сите светски медиуми се преполни со веста за исчезнувањата на мајката на еден од најбогатите светски актери Том Круз. Веќе неколку месеци никој не стапил во контакт ниту ја видел Мари Ли Соут.

Никој не ја видел мајката на славниот актер по нивниот заеднички појадок во сеинтолошкиот центар во Лос Анџелес. 

Мари која живеела заедно со Том во неговата вила на Беверли Хилс, се преселила во Белмонт Вилиџ , во близина на сеинтолошкиот центар. Но, нејзиниот стан веќе подолг период е празен, што ги загрижи нејзините роднини и пријатели.

Според таблоидите, можеби членовите на сеинтолошката црква од Том Круз ја кријат информацијата за исчезнувањето на неговата мајка. 

Сега холивудската ѕвезда мора до открие што се случило со неговата мајка која е исчезната уште од април годинава.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега