Заев ги лаже струмичани - доказ за тоа е пазарот „Чешел“

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев два пати ветил дека ќе го реконструира и покрие пазарот „Чешел“, но ветувањето до денес не го исполнил.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица го повика Зоран Заев да поднесе оставка бидејќи очигледно не е заинтересиран да ги решава проблемите на струмичани и правилно да ја менаџира општината.

Вистински доказ за тоа, велат од советничката група, е пазарот „Чешел“. Зоран Заев два пати дал ветување дека ќе го реновира и покрие пазарот, но ветувањето не го исполнил.

- Овој пазар работи под супстандардни услови. За надминување на ваквата состојба и составање на подобри услови за работа на пазарот, градоначалникот Заев вети дека истиот ќе го реновира и покрие. Ветувањето Заев го даде на седницата на Советот на општина Струмица на 29.декември 2011 година. Покривањето требаше да биде завршено во 2012-та година, но тоа не се случи. Откако не го исполни првото ветување, следуваше второ ветување на Заев за пазарот „Чешел“. Во буџетот на општина Струмица за 2013-та стои - Покривање на пазар „Чешел“ во вредност од 3 милиони денари. Но како по обичај, не го релизира овој проект, а го вети два пати, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека со секој изминат ден на сите ни станува јасно дека Заев не е заинтересиран за решавање на потребите на граѓаните и менаџирање на општината. Поради тоа го повикаа да поднесе неотповиклива оставка и струмичани конечно да изберат градоначалник кој ќе ги застапува нивните интереси и ќе ги решава проблемите на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега