Институтот „Димитрија Чуповски“ ги осудува заканите кон новинарите упатени од портпаролот на СДСМ Кавадарци и активистот на СОРОС Ненад Јовановиќ

Институтот Димитрија Чуповски најостро го осудува последниот случај на закани упатени кон новинарите Љупчо Златев и Драган Павловиќ Латас и други новинари од страна на портпаролот на Општинската Организација на СДСМ во Кавадарци, Ненад Јовановиќ.

-Со жалење мораме да констатираме дека ова не е изолиран случај, туку само продолжение на директни атаци кои во низа се случија во последниот период. Такви реални напади врз новинари и новинарски екипи во континуитет прават членовите на соросовата новинарска школа, каков што е и последниот случај, а притоа нема јавна осуда од најстарото еснафско здружение на новинарите, ниту пак од СДСМ како политичка партија. Само да потсетиме дека освен последните закани упатувани од страна на портпаролот на СДСМ Кавадарци се случија и нападите врз новинарите Дејан Николовски, Бобан Нонковиќ, Ивона Талевска, Јанко Илковски и Антонио Димитриевски. Ги повикуваме здруженијата на новинарите во Македонија да го осудат овој случај и да застанат во заштита на новинарската професија и достоинството на новинарите. Исто така ги повикуваме и СДСМ, како партија од чии редови доаѓа лицето кое јавно упатува закани до новинари, да го осуди овој чин и да покаже дека навистина стои зад слободата на медиумите, дигнитетот на новинарите и нивната професија и слободата на јавно искажаниот збор, се вели во соопштението на Институтот Димитрија Чуповски.

Оттаму додаваат дека цо спротивно ќе сметаат дека СДСМ само декларативно говорат за слобода, а со премолчување на вакви и слични дејанија го подгреваат и поттикнуваат насилното однесување на нивните активисти кон оние кои не размислуваат како нив.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега