Временска прогноза

Времето во поголемиот дел на Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од западен правец кој ќе достигнува брзина до околу 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје, слично време, со температура до 31 степен.

Особено температурата ќе опадне во северните делови, но во југоисточниот дел ќе биде се уште висока за овој дел од годината.

Времето од понеделник ќе биде променливо и посвежо со сончеви периоди. Дневната температура ќе биде пониска за осум до 12 степени во однос на денешната, а во вторник ќе се движи од 20 до 26 степени.

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега