Заев бесрамно лаже за неговите со години неисполнети ветувања

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица реагираше на соопштението на градоначалникот Зоран Заев и неговите тврдења дека пазарот „Чешел“ работи во одлични услови.

Зоран Заев два пати вети дека ќе го реновира пазарот „Чешел“, но ветувањето не го исполни. Сега, преку писмо тврди дека пазарот работи во одлични услови и дава ново ветување за негово реновирање до 2017-та година, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица.

Интегрален текст од прес-конференцијата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

-Ветувањата на Зоран Заев за покривањето на пазарот Чешел, се еден од многуте примери за тоа како Заев со години лаже за една иста работа. Со години лаже и внесен во тој свет на лаги, мисли дека некој од Струмица верува на неговите лаги. Покривање на пазарот Чешел Заев вети во 2011-та година, дека ќе го направи во 2012-та и не го направи. Потоа го стави овиј проект во буџетот за 2013-та година и повторно не го направи и не си го одржа ветениот збор и уште еднаш ги излажа пазарџиите и граѓаните на Струмица. Без ниту малку срам за овие негови лаги, вчера Зоран Заев арогантно и потценувајќи ги струмичани преку писмо информираше дека условите на пазар Чешел биле одлични и затоа овој проект не бил приоритетен и дека овој проект ќе го затвори, сега со најнов рок до 2017-та година. Замислете од 2011-та година ветува еден проект дека ќе го реализира и по четири години од тоа неисполнето ветување, самиот кажува нов рок за исполнување на ветеното што требаше да биде исполнето пред многу години. После ова едно е јасно. Од ден на ден Зоран Заев се повеќе и повеќе се замрсува во неговите лаги, лаги кои траат со години. Од толку лаги веќе и самиот не се сеќава кога и кого излажал. Доколку за Гинис имаше категорија градоначалник што најмногу излажал, сигурно Зоран Заев ќебеше запишан во Гинис. Зоран Заев човек рекордер во лаги и неисполнети ветувања. Срамно, дрско и арогантно е ова што Заев го прави кон граѓаните на Струмица. Прво затоа што бесрамно лаже за неговите со години неисполнети ветувања и ги убедува граѓаните за нешто што сите знаат дека тоа не е така. Второ, затоа што како градоначалник на Струмица со граѓаните на Струмица, за проблемите во Струмица, комуницира со писмо испратено од Скопје, местото каде што и самиот со гордост кажува дека спие со месеци.  Од овие две причини, овој негов потценувачки однос кон граѓаните на Струмица и фактот што градоначалникот со месеци не се појавува на работното место за кое е избран од граѓаните, се повеќе од доволна причина, доколку во него има останато барем трошка морал и одговорснот да излезе пред граѓаните на Струмица, да се извини за сите лаги и неисполнети ветувања и да поднесе оставка од функцијата градоначалник. Да дозволи Стурмица да добие градоначалник кој ќе биде во Струмица, кој секојдневно ќе работи за решавање на проблемите на струмичани и кој нема да ги потценува граѓаните на Струмица.

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега