Дали сте зависни од Инстаграм?

Многумина страдаат од оваа модерна болест, а ако навистина сте станале зависници од Инстаграм, ќе се препознаете во следните редови...

1. Ви требаат 100 години да ја изберете вистинска фотографија

Иако тоа јавно никогаш нема да признаете, еден час потрошивте на бирање идеална фотографија за вашиот профил. Разликата била во нијанси па било тешко да се одлучите, пишува хрватски Индекс.

2. Ви требаат 100 години да изберете филтер

По фотографијата доаѓа филтер. X-Pro II изгледа секогаш добро, но на оваа фотографија одлично изгледат и Slumber и Valencia. Хммм, кои да се изберат...

3. Хрaната ја јадете ладна

Прво треба убаво да се аранжира она што сте подготвиле, а потоа да се додадат уште неколку кујнски детали покрај чинијата, да се фати јадењето од најдобриот агол, изберете слика па филтер, па дури тогаш може да се јаде.

4. Вистинско време за објава

Не сте сигурни колку луѓе го гледаат Инстаграм за време на ручек. Затоа секогаш најубавите фотографиите објавувајте ги рано наутро за да ги видат повеќе луѓе веднаш штом се разбудат или навечер, пред спиење кога последен пат се прегледуваat објавите.

5. Секогаш сте во потрага за WiFi зона

Ако нема Интернет, нема ни Инстаграм. Тоа посебно важи на патувањата од кои веднаш морате да објавите фотографии.

6. Мислите дека се мора да биде на Инстаграм

Ако не е на Инстаграм, не се ни случило. Немаме ништо против занимливи објави на секојдневна база, но експертите тврдат следно: се повеќе од две фотографии на ден е премногу. 

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега