Над 1.800 граѓани од ранливите групи добија бесплатни правни совети

Над 1.800 граѓани од ранливите групи во текот на изминатите 18 месеци колку што траеше проектот „Пристап до правдата во Македонија“, имаа можност да добијат бесплатни правни совети, пренесе МИА.

- Околу 159 граѓани аплицираа за бесплатен адвокат од државата. Од нив 51 граѓанин успеаја да добијат адвокат кој ќе биде платен од државата и ќе ги застапува во решавањето на нивните правни проблем пред судовите во Македонија,  изјави денеска пред одржувањето на Завршната конференција, координаторот на проектот Александар Стојановски.

Додаде дека се покренати административни спорови против 13 одлуки со кои се одбива барање за бесплатна правна помош пред Управниот суд.

Стојановски со забелешка дека буџетските средства за имплементирање на Законот за бесплатна правна помош се мали и  дека има мал интерес од адвокатите за да бидат дел од бесплатната правна помош.

- Немаме увидено селективност и дискриминација при одобрувањето на бесплатна правна помош во прва инстанца, рече Стојановски и посочи дека барателите кои немаат добиено бесплатна правна помош можат да поднесат жалба пред Управен суд.

Претставникот од Министерството за правда Миљазим Мустафа нагласи дека со Законот за бесплатна правна помош е направен прв исчекор за овозможување еднаков пристап на граѓаните до правдата и институциите на системот.

- Со цел адресирање на препораките од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2014 година, со кој се бара покомплексно подобрувања на системот за бесплатна правна помош во изминатиов период преземени се повеќе активности за изменување на Законот за бесплатна правна помош, кој е донесен во 2009 година, а се применува од 2010 година, рече тој.

Министерството за правда, како што истакна, во соработка со Делегацијата на ЕУ во ноември 2014 година до Европската комисија има поднесено TAIEX барање за експертска помош и ангажирање експерти од различни земји кои треба да дадат препораки за подобрување на системот за бесплатна правна помош. Тој најави дека TAIEX работилницата би требало да се одржи кон крајот на ноември оваа година.

За подобрување на системот за бесплатна правна помош, како што рече претставникот од Министерството за правда, во рамки на ИПА твининг проектот кој ќе започне во декември оваа година предвидени се низа активности.

- Активностите за измени на Законот за бесплатна правна помош ќе започнат по реализацијата на TAIEX работилницата, со цел да се земат во предвид препораките кои ќе произлезат од неа, рече Мустафа.

Мартин Клауке од Делегацијата на Европската унија рече дека  за да постои систем кој што добро функционира неопходно е да постои општество кое се базира врз правото. - Развиени беа многу анализи и следниот чекор во однос на подобрување на ситуацијата со бесплатната правна помош е сите елементи да се состават во една целина, рече тој.

Проектот „Пристап до правдата во Македонија“ беше спроведен со финансиска поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права на Европската унија.

Проектот вклучи активност за мониторинг и спроведување на Законот за бесплатна правна помош, врз основа на методлогијата развиена и применета од страна на Фондацијата отворено општество Македонија и мрежа од шест здруженија за обезбедување бесплатна правна помош. 

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега