ФОТО: Заедно израснаа, заедно заминаа во смрт - погребани младите момчиња

Живееја на иста улица, заедно израснаа, заедно заминаа во смрт. Со овие зборови синоќа беа испратени во вечното живеалиште 17-годишниот Елемдин Тутиќ, 20-годишниот Фарис Шемсовиќ и една година постариот Мерван Џанковиќ  кои загинаа во страшна сообраќајка во Нови Пазар.

- Беа добри момчиња, за нив ништо лошо не се слушнало да направат или кажат. Беа нераздвојни. Ова е голема трагедија, велат дел од луѓето кои се собраа на погребот.

Инаку, на погребот имало повеќе од 1000 лица.

Иако се мислеше дека голфот кој го претекнувал Мерцедесот го направил хаосот, сепак истрагата покажува дека се случило обратно од тврдењето на младото момче. Мерцедесот всушност претекнувал и го подудрил голфот, загубил контрола и излетал од патот. Автомобилот падна од 30 метри висина.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега