Ја однеле во подрум и безмилосно ја злоупотребиле - монструми силувале млада прилепчанка

28 годишниот кичевчанец Е.К. и 19 годишниот Е.Т. од Елбасан си заработија кривични пријави и 30 дневен притвор, откако силувале 28 годишна прилепчанка со заостанат психички развој.

Од полицијата информираат дека на вечерта на трети овој месец, Е.К. и Е.Т. ја однеле прилепчанката во подрумска просторија од зграда  на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, и таму ја допирале и сексуално се изживувале со неа.

Девојката ја спасил полицаец кој бил во непосредна близина на зградата и го слушнал нејзиниот плач. Двајцата насилници веднаш биле приведени, а прилепчанката била пренесена на преглед во општата болница во Кичево.

Полицијата избршила дополнителни истраги на местото на злосторот. Оттаму информираат дека албанскиот државјанин имал нерегулиран престој во Република Македонија.