Иванов: Заев лаже и грубо ја манипулира јавноста

Претеседателот Иванов реагира на изјавата на опозицискиот лидер Зоран Заев кој го нарече статист на политичката сцена во Македонија

„Во однос на изјавата на Зоран Заев дадена во емисијата „Вин – Вин“, на телевизијата „24 Вести“ на 17 септември 2015 г.  во 21.00 часот во која  вели:

„Уште една потврда дека првиот човек во државата, Претседателот на државата е само статист на македонската политичка сцена. Јас ќе ви кажам вакабевме во Стразбур, преговаравме во кабинетот на Хан, бевме во Брисел, преговаравме во Кабинетот на Хан, бевме овде во Пржино во резиденцијата на Европската Унија и ако беше се нормално во Македонија требаше да преговараме во Резиденцијата на Претседателот на државата“;

сакам да ја информирам јавноста дека токму Зоран Заев е тој што со своите изјави лаже и грубо ја манипулира јавноста, поради следниве аргументи:

Разрешницата на актуелната политичка криза започна на моја лична иницијатива.

-       По подолг период без елементарен политички дијалог, на 10 мај 2015, утрото, лично му се јавив на Зоран Заев и го поканив на Советот за безбедност. Тој ја прифати поканата и учествуваше на седницата на Советот одржана во проширен состав. На самата седница, на политичките лидери им најавив дека наредните денови ќе свикам лидерска средба во мојот Кабинет за надминување на политичката криза.

-       Три дена подоцна повторно му се јавив за да го поканам тој ден да учествува на лидерска средба во претседателскиот Кабинет. Зоран Заев побара да се консултира со партијата.

-       Сега го повикувам Зоран Заев да покаже образ и да ѝ објасни на јавноста и на сопственото членство поради кои причини не ја прифати поканата да учествува на лидерската средба во претседателскиот кабинет. Да го потсетам, аргументот што мене ми го кажа е дека не постојат никакви гаранции дека тој нема да биде уапсен врз основа на обвиненијата кои се поведени против него.

-       Мојот Кабинет за овој разговор ги извести амбасадорите на САД и ЕУ, и под нивен притисок, Заев прифати да учествува на лидерската средба, но во Клубот на пратеници.

Кога веќе Зоран Заев сака да манипулира и дрско да ја лаже македонската јавност, ќе дополнам уште неколку работи.

 

-          Првата политичка криза во 2011 беше решена со серија лидерски средби, во потесен и во проширен состав, на моја иницијатива во претседателскиот Kабинет.

 

-          Кризата од 2012 по настаните во Парламентот од 24 декември, беше повторно надмината на моја иницијативата, а со учество на ЕУ и лидерите на политичките партии.

-          Веднаш по мојата втора инаугурација, повторно го поканив Заев на средба во Кабинетот. Заев  ја прифати поканата, но до ден-денес сè уште се нема појавено.

Сето ова јасно укажува на неговиот континуиран однос кон државните институции.

 

Република Македонија има сили да ги надмине сите политички предизвици, со сопствени капацитети, но само доколку лидерите на политички партии се однесуваат одговорно кон државата, кон граѓаните и кон своето членство. За жал лидери од профилот на Зоран Заев очигледно недоволно ја разбираат нивната улога и одговорност,  или се заложници на концептот за уривање и дискредитирање на институциите по секоја цена. 

 

На крајот, Зоран Заев вчера кажа „ако беше се нормално во државата требаше да преговараме во резиденцијата на Претседателот“. Во резиденцијата на Претседателот секогаш нормално се преговараше кога во Македонија имаше одговорни лидери. За жал, опозицијата сега за лидер го има Зоран Заев. 

 

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега