Исповед на синот на убиената наставничка: Татко ми ни се закануваше дека ќе не убие

„Татко ми ни се закануваше дека сите ќе не убие. Живеевме во страв, а многу пати ја бранев мајка ми додека тој ја тепаше. Пред десет години прв пат крена рака на неа, но потоа се заколна дека тоа повеќе нема да го направи. Се смири некое време, но последните година продолжи по старо. Психички, но и физички ја уништуваше мојата мајка, а се кулминира минатата година, кога го напуштивме“, раскажа за српски Ало, Марко Тошиќ, син на Бранкица Тошиќ, која нејзиниот сопруг ја закла во дворот на основното училиште во Србија.

Марко кажува дека неговиот татко бил многу љубоморен и ја обвинувал мајка му дека го изневерувала со други мажи, иако тоа не било вистина.

„Кога пред неколку месеци, мајка ми ми рече дека ќе го напушти, тој и зборувал дека нема да и даде развод бидејќи тоа е богохулие. Ја молеше да остани и и велеше дека ќе и даде половина куќа. Меѓутоа таа не сакаше. По заминувањето, таа стапи во врска со друг човек и на татко ми му соопшти дека не го сака повеќе и дека нема да му се врати. Мислам дека тогаш ја донесе одлуката да се убие“, додава синот на убиената наставничка.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега