Цела ноќ го следела црна кола, а потоа почувствувал куршум

Повреденото дваесет и петгодишно момче на полицијата им изјави дека додека се возел во своето возило, марка „кија“ пукал некој маж кој управувал со црн „смарт“, а со кој пред неколку дена се нашол во расправија по сообраќајка.

Во пукањето кое се случило синоча, нешто пред полноќ, на раскрсницата Булевар Зоран Џинџиќ и Омладинска бригада, рането е момче старо околу 25 години.

Момчето со Итна помош е пренесено на Институтот за ортопедска хируршка болест „Бањица“ и како дознаваме не е животно загрозен.

Како што пренесуваат медиумите,тој приметил дека возилото „смарт“ некое време го следело и во еден момент му го пресекол патот.

Тогаш напаѓачот излегол ја отворил вратата и испалил куршум од пиштолот во момчето и со дршката од пиштолот го удрил“, изјавил ранетото момче.

 

Патролата на полицијата која била во близина, прва дошла на помош за момчето. Распишана е потрага по црниот „смарт“. Полицијата ги истражува околностите на пукањето.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега