Ципрас денеска ќе добие мандат за формирање влада

 

Грчкиот претседател Прокопос Павлопулос денеска на лидерот на Сириза, Алексис Ципрас ќе му врачи мандат за формирање нова влада на Грција, соопштија извори во претседателскиот кабинет во Атина.

- Доколку Ципрас веќе има подготвена влада, не е исклучено таа да положи заклетва уште вечерва или утре изутрина, изјавија истите извори.

Сириза вчера победи на вонредните парламентрани избори во Грција, освојувајќи речиси 35 отсто од гласовите.

Ципрас уште синоќа соопшти дека Сириза повторно ќе формира влада со партијата Независни Грци. Двете партии заедно имаат 155 места во 300-члениот грчки Парламент.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега